Четворица новозаразени од коронавирус во Македонија

Од:

Четири нови случаи на заразени од коронавирусот. Оваа информација ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека заболените пациенти се со лесна клиничка слика и дека ќе бидат хоспитализирани. Новозаболените се на возраст од 55-56 години, рече министерот.

„Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје-Дебар од уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти. Тоа се вкупно 24 лица, сите во домашна изолација. Тие 10 лица, покажале знаци за горно респираторно заболување. Четири се позитивни. Тоа значи дека имаме уште четири нови пацинети кои ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести. Сите се со лесна клиничка слика“, рече Филипче.

Дополнително влошување има кај една пациентка, информираше Филипче, за која кажа дека е можно да биде ставена на машини за вештачко дишење.

„Пациентите се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, патничката која беше примена со нејзиниот сопруг. Таа има дополнително влошена состојба и е на граница да биде поставена на апарат за механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со дополнителна терапија ќе го преброди овој период, но спремни се да има и дополнителни мерки како сетурација на кислород, односно да биде поставена на машина за дишење“, додаде Филипче.

Изолиран е и државјанин на Македонија кој дошол од Германија, поради тоа што имал покачена температура при слетување на аеродромот во Скопје.

„Еден патник е стигнат на скопскиот аеродром. Наш државјанин од Германија. Суспектен бидејќи има лесно покачена температура. Тој е изолиран и му е земен материјал за тестирање. Изолирани се луѓето кои седеле околу него. По пристигнување на резултатите, ќе информираме за неговата состојба и начинот на лекување, како и за другите патници“, додаде Филипче.

Министерот побара да се почитуваат сите мерки на Владата и предупреди дека ако тоа не биде така, сите прекршители ќе се санкционираат.

„Радикалните мерки ги преземаме откако истите дадоа резултати во Кина и Италија. Токму тие мерки дадоа позитивни резултати“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он