Министерството за здравство информира дека поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид. Пунктовите во Скопје кои ќе започнат со работа утре се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.
Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.
-На располагање се околу 400.000 дози од вкупно сите производители од нив 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, информираат од Министерството за здравство.