Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Од:

Четири малолетни лица кои конзумирале алкохол и психотропни супстанци денеска се пренесени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев потврди дека малолетниците се на возраст од 14 до 17 години, и се примени со пореметена свест.

Чибишев посочи дека малолетниците се примени на Одделот за интензивна нега и во моментот трае третманот и клиничките испитувања.

Како што рече, две деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања.

-Малолетниците се примени во тешка здравствена состојба, на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски лица, со пореметена свест. Двете од деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања, изјави Чибишев.

Во исто време и од МВР потврдија дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, потенцираат од МВР.

Како што појаснуваат, лицата веднаш биле пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Чибишев посочи дека за утре е можно да има подетални информации во врска со случајот.

Би можело да ве интересира

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он

Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Се запали полициско возило, двајца полицајци завршија на Токсикологија

Драма во турскиот Парламент, 80 лица пријавиле болки со стомакот: Покрената е итна истрага

Горан Наумовски

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија