Четири албански државјанки затекнати во бар во Велешта

Од:

При контрола во угостителскиот објект „Дипломат“ во струшкото село Велешта ноќеска по полноќ полицијата затекнала четири албански државјанки, кои престојуваат во Република Македонија спротивно од целта на престојот.

Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Како што информира МВР, за време на контролата во угостителскиот објект едно лице од село Велешта ги попречувало полициските службеници во вршењето на службените работи.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена