Чествување на 75-годишнината од депортацијата на штипските Евреи

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски учествуваше во одбележувањето на 75 годишнината од депортацијата на штипските Евреи во фашистичките логори. На одбележувањето присуствуваа претставник од Еврејската заедница, г-дин Пепо Леви, д-р Кирил Барбареев, проф. Марија Иванова, градскиот хор „Штип“ под диригенство на м-р Ивана Ѓурѓевиќ, владината и собраниската делегација.

„Им оддаваме должна почит на нашите сограѓани Евреи, но и на сите останати Евреи и други жртви на Холокаустот и трајно се определуваме да го негуваме споменот кон нив. Го осудуваме Холокаустот, го осудуваме негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, како и сите форми на геноци и кршење на човековите права како што се антисемитизмот, дискриминацијата, говорот на омраза, ксенофобијата, расизмот. Сите треба да се сеќаваме, дека секоја жртва не е бројка, туку има свое име. Македонија загуби голем дел од својата култура, со смртта на 98 проценти од еврејското население. Да се запамети за да не се повтори дека прогонот на шест милиони Евреи во логорите на смртта во Втората светска војна, започнал со говор на омраза што прераснало во демонизација на цела група луѓе осудени на смрт во концентрационите логори“ – рече градоначалникот Бочварски.

По комеморативната седница, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со владината и собраниската делегација положија цвеќе пред споменикот на штипските Евреи, а потоа ги посетија еврејските гробишта. Општина Штип и во иднина ќе го чествува овој тажен но значаен настан за градот Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“