Честитки до министерот Јолевски за стапување на функцијата министер за одбрана

Од:

Министрите за одбрана од регионот и од останатите земји-партнери и поддржувачи на Република Македонија упатија честитки до министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за стапување на оваа функција.

Во нивните честитки, соопшти денеска МО, министрите укажуваат на одличната соработка која ја имаат со Република Македонија на полето на одбраната и безбедноста, со надеж дека истата ќе продолжи да се развива и продлабочува и во иднина.

Министерот Јолевски им се заблагодари на министрите за одбрана на СР Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора, НР Кина, Косово и Катар за поддршката на нашата земја и им порача дека Република Македонија останува исклучително посветена на развојот на меѓусебната соработка, како единствен начин на одржување на мирот, безбедноста и просперитетот во регионот, Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он