Честитка од Зоран Заев до православните верници и граѓаните кои го чествуваат Христовото Воскресение – Велигден

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на Христовото Воскренесие – Велигден, упати честитка до поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, до Светиот Синод, до православните верници и граѓаните кои го празнуваат овој голем христијански празник.
„Упатувам искрена честитка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите граѓани во Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден.

Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот.

Ова е период кога можеби повеќе од кога било сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани и како држава – да покажеме храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја ослободуваат душата и обезедуваат спокоен живот.

Бидејки во светите празнични денови, посилно од вообичаено сме посветени на значењето на духовните вредности, се надевам дека годинешното чествување на Велигден ќе ја засили вербата и определеноста како индивидуи, но и како општествена заедница, да ги исполниме и негуваме овие свети универзални должности.

На сите кои го чествуваат Велигден пожелувам среќни празнични денови, во добро здравје и духовен мир“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел