Честитка од Заев за 2 август, Денот на Републиката

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемокртаскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита големиот државен празник, 2 август – Денот на Републиката:

„Овој светол датум од историјата, 2 август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година искажувајки им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и идните генерации.

Копнежот за независна држава пред 112 години е движечкиот мотив што ги повел илинденците во битката за остварување на долгопосакуваната слобода.

Пред истиот предизвик, пред 71 година биле исправени и борците на АСНОМ, кои храбро и одважно, по втор пат во поновата историја, ја извојувале слободата.

Ова е денот кога се поставени темелите на независна и суверена Република Македонија и патоказот како со заедништво и верба е можно остварување на светите цели.

Обединети и со надеж дека повторно ќе успееме, да се насочиме кон надминување на предизвиците пред коишто е исправена современа Македонија, враќање на основните демократски придобивки и праведно општество на слободни, економски стабилни и среќни граѓани, кои можат и знаат да споделуваат заеднички вредности за подобра и просперитетна иднина“.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он