Честитка од Заев по повод Светскиот ден на лицата со хендикеп

Од:

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев упати честитка по повод Светскиот ден на лицата со хендикеп.

„Почитувани сограѓани – телесно инвалидизирани лица, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со пречки во говорот, лица со менталнa попреченост, лица со Даунов синдром, лица со аутизам и други лица со физички и ментален хендикеп.

Трети декември е само еден од 365 – те денови во годината. Колку и да го одбележуваме овој ден како Ваш ден, мора да знаете дека Вам ви припаѓаат и останатите 364 денови од годината. Светскиот ден на лицата со хендикеп е само аларм за нашата колективна свест, дека не смее да постојат бариери помеѓу НИЕ и ВИЕ, помеѓу НАС и ВАС, дека на овој свет сите сме исти, сите сме луѓе.

Ако веќе сте „лица со посебни потреби“, тогаш наша заедничка должност е тие ваши потреби во целост да ги задоволиме, затоа што сте дел од нашата заедница, затоа што сте дел од нашето општество, затоа што тоа го заслужувате. Вашите права треба и мора да бидат еднакви со правата на сите граѓани. Заложбите за овозможување на тие права за Ваша сеопфатна инклузија, не смеат  да бидат  само декларативни, туку целосно системски реализирани. Во таа смисла, како и до сега, така и во иднина, ќе ја имате мојата максимална поддршка и поддршката на Општина Струмица.

Нека ви е честит 3. Декември – Светскиот ден на лицата со хендикеп“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски