Честитка од Заев за Рамазанските пости

Од:

По повод почетокот на Рамазанските пости претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите верници од ислимска вероисповед.

„На сите верници од исламска вероисповед, и Вам лично, Ви го честитам започнувањето на овогодинешните Рамазански пости.

Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам.

Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата вера и посветеност, допринесувате за негување и поттикнување на вистинските човекови вредности, хуманст и меѓусебно почитување.

Овој свет месец Рамазан не’ потсетува на тие вредности, темелно важни за нашето општество.

Простувањето, солидарноста, толеранцијата, несебичноста, дарежливоста и меѓусебното почитување се вредности за коишто сите треба да се залагаме и да ги негуваме. Само на тој начин, сите заедно, можеме да ја градиме иднината на Република Македонија“, стои во честитката на претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи и дел од кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Честитка од Пендаровски за Водици

А1он

Џафери со честитка за Водици

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он