Честитка од Заев по повод Рамазан Бајрам

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска, по повод Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го чествуваат празникот.

-Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Светите празници, како што е и Рамазан Бајам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат на човекот да го оствари својот копнеж и порив за спокоен и среќен живот.

Човекот е спокоен и среќен кога се спокојни и среќни неговите деца, неговите родители, неговото семејство, неговите пријатели, соседи, сограѓани.
Затоа ни се потребни овие универзални бесценети вредности.

Тие ја зацврстуваат слободната волја што со којашто се раѓаме и охрабруваат да го избереме патот на вистината и правдата.

Тоа е вистинскиот пат каде што се вкрстуваат индивидуалниот и колективниот мир.
Тој пат води до слободни и еднакви граѓани, кои живеат во заедничко, правично, просперитетно општетство, спокојни и среќни.

Ние заедно, без разлика на различностите по каква било основа покажавме дека го носиме тој потенцијал во себе, да се спротивставиме на злото и неправдите и да избереме вистина и правда. Дека како совесни луѓе сакаме и можеме да одговариме на обврската што ја има секој од нас, да придонесеме кон заедничка, посветла иднината на сегашните и идните генерации.

Убеден сум дека заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците и ообезбедување достоинствен живот за сите граѓани во Република Македонија.

Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани!

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев