Честитка од Заев по повод Еврејската Нова година

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на сите граѓани од еврејската заедница им го честита големиот празник, еврејската Нова година Рош-Хашана.

„На сите граѓани припадници на еврејската заедница во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име им ја честитам Новата 5777 година. Големиот празник Рош-Хашана нека биде нова надеж за почеток на добар живот и стабилна иднина на сите граѓани. Нашите заеднички заложби втемелени на толеранцијата, меѓусебното разбирање и заедништвото не прават поодлучни, силни и мотивирани зедно да изградиме праведно и заедничко општество кадешто сите посветено ќе работиме за квалитетен животен стандард. Различностите се голема придобивка за Македонија, во тоа веруваме, а граѓаните од Еврејската заедница значаен дел од нашето општество.

Посакувам претстојните празнични денови да ги поминете во мир, среќа и радост согласно вашата вековна традиција!“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот