Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември.

Во честитката до сите припадници на бошњачката заедница наведува дека овие празници треба да бидат повод за зајакнување на заедничките заложби за создавање подобри услови за живеење и оти бошњачката заедница, во тој правец, има мношне значајна улога, преку заедничките вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија во нашата земја.

– Низ годините бошњачката заедница активно е вклучена во јакнењето на Република Макдонија како држава на мултикултурно разбирање и пример за соживот. Тие се важен дел во македонското општество, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, во која на сите припадници на бошњачката заедница им посакуваат добро празнично расположение исполнето со многу здравје, среќа, радост и бериќет.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ