Честитка од словачкиот премиер Фицо до Заев: Верувам дека реформската влада ќе ја врати довербата во институциите

Од:

Претседателот на Владата на Република Словачка, Роберт Фицо испрати телеграма со честитка до новиот македонски премиер, Зоран Заев.

– Дозволете ми, да Ви честитам за изборот на функцијата претседател на Владата на Република Македонија. Изразувам верување дека новата реформски и интеграциски насочена Влада под Ваше раководство ќе придонесе за конструктивен политички дијалог во општеството и обновување на довербата на граѓаните во државните институции, се наведува во честитката.

Премиерот на Словачка наведува дека верува од новата Влада да ги имплементира сите делови од договорот од Пржино и итните реформски приоритети за Македонија да може ефективно да се насочи кон патот на интеграција во ЕУ и НАТО.

Премиерот Фицо во телеграмата исто така изразува интерес и подготвеност за споделување на искуствата на Република Словачка од реформските и интеграциските процеси.

– Верувам дека нашиот конкретен и реален придонес ќе биде токму проектот „Национална конвенција за европска интеграција“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Фицо: Стратегијата за „клекнување“ на Русија е погрешна и неизводлива

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Фицо: Воопшто не му верувам на Зеленски

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

Рубио: За решавање на конфликтот во Украина, треба да се земат предвид различните гледни ставови

Горан Наумовски