Претседателот Ѓорге Иванов по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.
– Српската заедница во Република Македонија, нејзините традиции и обичаи, слави и историски личности, се неотуѓив сегмент од севкупното културно и општествено живеење во нашата држава. Почитта кон културно-историското наследство на сите етнички заедници во Република Македонија е фундамент во градењето на меѓусебно разбирање и соживот како влог во изградбата на модерна и просперитетна Македонија, се вели во честитката.
Во неа се нагласува дека животописот на свети Сава е редок пример за посветеност, верба и истрајност и оти неговата просветителска улога, знаење и мудрост се духовна крепост на српскиот народ и непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога.