Честитка од ОМД за 35-годишнината на македонската библиотека во Сиднеј

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја честита 35-годишнината од основањето на македонското литературно друштво и библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј. Библиотеката именувана по преродбеникот од Охрид на 31 март 1978 ја основале членовите на австралиско-македонската заедница во Сиднеј, а целта е да се изучува, зачува и промовира македонскиот јазик и македоснките литературни дела.

– Имав привилегија да ја посетам библиотеката за време на мојата посета на Австралија во февруари 2010 година, кога го промовиравме ОМД, и бев пријатно изненаден од работата што овие талентирани писатели и лингвисти ја имаат вложено во изградбата на македонската библиотека во Сиднеј, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски.

Александар Аврамоски, преставник на ОМД за Сиднеј, изјави дека три и пол децении  од основањето на библиотеката е историски момент за македонската заедница.

– Мисијата на библиотеката да се збогати мултикултурното општество во Австралија со македонски книжевни дела ќе биде запаметена, и со поддршка од помладите генерации ќе постои уште многу години, вели Аврамовски.

На третата годишна глобална конференција на ОМД во Вашингтон, во 2011 година, Иван Трпоски, член на друштвото од Сиднеј, доби признание за најуспешен автор во дијаспората.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски