Честитка од лидерот на ДУИ Ахмети по повод Велигден

Од:

„Почитувани православни верници, ми претставува чест во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција да Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со најискрени честитки за здравје, благосостојба и среќа за сите вас.

Денес православните христијански верници го слават Велигден како еден од најголемите христијански празници каде ја наоѓаме надежта но и можноста за подавање рака едни на други во духот на љубовта и меѓучовечката солидарност за заедничко добро.

Посакувам вие и вашите семејства да го поминете овој празник со многу здравје, во семејна хармонија како и со доверба за подобро утре за сите нас“, се вели во честитката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод христијанскиот празник Велигден.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата