Комисијата за односи со верските заедници испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи по повод започнувањето на Рамазанските пости.
– Дозволете ми од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое име, Вам на Ријасетот и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви го честитаме започнувањето на светиот месец Рамазан, месец на, милоста, проштевањето, молитвата, поклонувањето, покорувањето и милостината.
– Посакувам Вашата истрајност и посветеност од изгрејсонце до зајдисонце и овие пости да Ви донесат мир во душата, благодет во семејствата, среќа во заедницата и да ја зголемат љубовта и милоста кон сите оние кои се околу нас, се вели во честитката.