Честитка од Јолевски по повод 23 Октомври

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, по повод празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Македонија и сите граѓани на Република Македонија.

– Денес е денот кога пред повеќе од еден век преку создавањето на македонската револуционерна организација се потврди и идеалот за создавање на независна и засебна Македонија. Стремежот на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија отсекогаш биле мирот, демократијата, слободата и еднаквоста. Тие се нераскинлив дел од нашата свест и нашето постоење. Изразувајќи благодарност до сите оние кои се бореле за овие идеали, министерот Јолевски, ја истакнува определбата Македонија да биде уште понапредна, уште поразвиена и уште побезбедна, вели Јолевски во честитката.

Во тој дух, како што нагласува, припадниците на Армијата на Република Македонија, се цврсто определени, со сето свое знаење и умеење да го бранат територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и цивилизациските вредности врз кои е изградена нашата татковина. – Македонските мировници придонесуваат слободата, мирот и демократијата да бидат столб и на општествата каде се распределени во мировни мисии, додава Јолевски.

По повод празникот, министерот Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во Скопје.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он