Честитка од Иванов за Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

– Одбележувањето на празникот на македонската револуционерна борба го симболизира континуитетот на македонскиот стремеж кон слобода и државност. На овој ден им оддаваме почит на македонските визионери и револуционери, на сите знајни и незнајни дејци и борци кои се бореа и изборија за нашата слобода, вели во честитката македонскиот претседател.

Патот до слободата што на 23 октомври 1893 година го започнаа шестмината македонски родољуби, како што истакнува Иванов, го изодеа и Илинденците од 1903-та и борците во Народноослободителната и антифашистичка борба од 1944-та. Патот до слободата конечно го завршија македонските граѓани, на третиот Илинден, на 8 септември 1991 година.

– Наша должност е да го исполнуваме заветот на предците – сложно и заеднички да ја чуваме нашата Република Македонија, независно од етничката, верската, политичката или која било друга припадност. Македонија е една и единствена, а наша задача е да им ја предадеме на нашите потомци. Заедно и обединети да ја градиме иднината и напредокот на европска и евроатлантска Република Македонија. Оние кои мечтаеа за независна и демократска македонска држава може да се гордеат со генерациите што доаѓаат, подвлекува во честитката претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on