А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од Иванов до новиот германски претседател Штајнмаер

by А1он13/02/2017 - 13:49246
Share0

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Франк Валтер Штајнмаер по повод изборот за претседател на Сојузна Република Германија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

Добивај вести на вибер

– Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската унија се пред големи искушенија. Длабоко сум убеден дека Вашето долгогодишно дипломатско искуство и меѓународен углед ќе резултираат со уште позајакнати односи со нашиот регион, на кој му е неопходна поддршка со цел постигнување на одржлива политичка стабилност, безбедност, економски развој, стои во честитката.

Република Македонија, посочува Иванов, ќе го продолжи реформскиот процес со цел достигнување на сите европски стандарди и критериуми, и ќе продолжи да придонесува кон добрососедсвото и регионалната соработка.

Искрено се надевам, вели Иванов во честитката, дека Сојузна Република Германија како докажан пријател на Република Македонија, ќе продолжи да ги поддржува нашите заложби и напори за интегрирање во Европската унија и НАТО.

– Дозволете ми, во оваа пригода и да искажам особено задоволство од достигнатото ниво и континуираниот позитивен тренд во односите и соработката меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Исто така сакам да ја изразам целосната подготвеност да ја продолжиме соработката што ја имавме со Вашите ценети претходници. На тој начин ќе дадеме придонес за натамошно унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план, истакнува Иванов во честитката до новоизбраниот германски претседател Штајнмаер.

germanijaivanovstajnmaer

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:38

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 22:27

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Горан Наумовски27/02/2026 - 21:52

Кина ги престигна САД

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 17:56

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 11:31

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен