Честитка од Ахмети по повод инаугурацијата на Трамп

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва, од свое и од име на партијата, упати честитка до САД по повод ианугурацијата на новиот 45. претседател Доналд Трамп.

– Посакувајќи добро здравје и успех во неговата нова задача, остануваме уверени дека Соединетите американски држави ќе продолжат да бидат стратешки партнер на Македонија, Албанците и Балканот, и поддржувач на нашиот незапирлив евроатлантски пат, наведува Ахмети.

Во честитката Ахмети изразува почит и за поранешната администрација на Обама, како и за, како што вели, големиот придонес на САД во земјава и за Албанците воопшто.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата