Честитка на градоначалникот на Охрид до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава

Од:

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.

„Најискрено, во името на граѓаните на општина Охрид, упатувам искрени честитки , по повод 27-ми Јануари, националниот ден на српската заедница, денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, еден од најзначајните верски и национални празници на српскиот народ, кој се прославува секаде каде што живеат Срби. Како нераскинлив дел на македонското општество, Вие континуирано придонесувате кон градење на соживотот и меѓусебното разбирање. Уверен сум дека така ќе биде и во иднина и Ви посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла.

Празнувањето на денот на Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодет и напредок.Тие се универзални вредности кои ги спојуваат н унапредуваат заедништвото, почитувањето на различностите и градењето на подобра иднина за сите“ се вели во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски до припадниците на српската заедница.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија