Чешкиот волонтер Соучек за А1он: Бев протеран од Македонија под нејасни околности

Од:

А1он контактираше со Ричард Соучек, чешкиот волонтер кој два месеци, соработувал со невладината „Легис“ и им помагал на бегалците на грчко – македонската граница.

Тој потврди дека бил протеран од Македонија и се уште не се јасни причините за тоа.

– Не сум сигурен кои се причините за моето протерување. На 4 септември, покрај легитимацијата од невладината „Легис“ и од полицијата што го чува кампот ми беше побаран и посебен документ, иако претходно доволно беше да го покажам својот пасош и легитимацијата од „Легис“ со кои соработував. Полицијата се до тој ден, со овие документи му пушташе во кампот, што значи дека не сум влегувал нелегално, вели Соучек.

На 5 септември, чешкиот волонтер бил однесен во полициска станица

– Имав лошо искуство, бидејќи првиот пат кога бев на разговор во станицата, инспекторите од државна безбедност, против моја волја ме држеа 6 и пол часа и ме распрашуваа за моето семејство, зе религијата и други приватни работи, како на пример, зошто сум бил во Босна неколку пати и што ми значи таа држава. Знам што сакаа, но јас никако не можев да им објаснам дека моите мотиви се чисти, дека нема позадина – тоа не беше ниту пријатен, ниту пријателски разговор.

Тој сведочи дека во станицата го пречекал извесен инспектор Климент кој ми барал посебен документ.

– Тој ми објасни дека од 1 септември Министерството за внатрешни работи ја презело одговорноста за кампот на бегалците и дека правилата биле променети и потребна ми е „жолта карта“. Во претходните 2 месеци никој не ми кажа дека треба да имам таков документ, ниту ми беше побаран. На крајот ми беше речено да ја напуштам државата и да одам во Грција не 3-4 дена додека не се среди документацијата. Не знам зошто морав да ја напуштам Македонија и не можев да останам како обичен турист, со оглед дека не беа истечени 3 месеци од мојот престој. Полицајците не сакаа да ме вратат кај кампот, а едниот ми се дереше дека за мене веќе нема одење кај бегалците, иако таму ми беше паркиран автомобилот. Рекоа дека не им е гајле – да си земам такси, вели Соучек.

Следниот ден тој повторно бил во бегалскиот камп и им помагал на луѓето, без да му бараат „жолта легитимација“.

– Кога ја завршив работата и си заминував ме повика шефот на смената од полиција, ми ги одзедоа документите, ме запишаа, потоа ми рекоа дека сум официјално уапсен. Заедно со Мерсиха не одведоа во станица, ни ги одзедоа телефоните и на крајот ми беше речено дека ќе бидам депортиран преку граница. Така и се случи, вели Соучек

Тој се уште не знае што е причината за неговото протерување од Македонија и вели дека се само негови претпоставки дека полицијата се сомнева дека е шпион или радикален исламист, иако вели дека неговите мотиви се чисти.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он