Чешка и Словачка ги отфрлаат заклучоците за проширувањето, им пречи изразот „погрешно толкување на историјата“

Од:

Прага и Братислава објавија заеднички став во кој официјално потврдуваат дека не можат да се согласат со заклучоците на Советот на ЕУ околу процесот на проширувањето на Унијата, предложени од германското претседателство.

Главен проблем за двете земји е реченицата во која се споменува „погрешно толкување на историјата“, се вели во заедничкото соопштение.

Чешка и Словачка му се заблагодаруваат на германското претседателство за обидите да се изнајде компромис со Бугарија за заклучоците за проширувањето, но смета дека тие се неприфатливи и дека претставуваат опасен политички преседан за процесот.

Во соопштението се потсетува дека заклучоците за Советот на ЕУ треба да „испратат обединета порака“ и имаат директни последици врз иднината на процесот на проширување.

-Со оглед на клучната улога на овој документ и откако внимателно го разгледавме, не бевме во можност да дадеме согласност за нацртот презентиран денеска. Текстот каков што е содржи елементи, вклучително и поимот за фалсификување на историјата, кои смета дека ќе бидат многу штетни за процесот на проширување и можат потенцијално да донесат повеќе компликации во иднина, стои во заедничкото соопштение на Чешка и Словачка.

Иако документот требаше да се усвои денеска, тој беше одбиен на барање на министрите за надворешни и европски работи на овие две земји, кои се меѓу најцврстите поддржувачи на проширувањето на ЕУ.

Во реакцијата се бара овој текст да им поднесен на министрите, а не на амбасадорите, со оглед на чувствителноста на темата и процесот.

Двете земји предупредуваат дека не е на Брисел да суди кој како се идентификува и каков јазик говори, а формулацијата околу толкувањето на историјата, според нив, не е предмет на занимавање на Европската унија.

-Овие прашања припаѓаат на засегнатите страни и тука сме да им помогнеме со нашето искуство во овој процес на лечење, се вели во заедничката реакција од Прага и Братислава.

Чешка и Словачка потсетуваат дека се „длабоко разочарани“ што преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија исто така не можеа да бидат усвоени оваа година, како што се очекуваше.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он