Чавков до Нухиу на 27 април: Што мислиш дека се случува? Народ се случува

Од:

Што мислиш дека се случува? Народ се случува, му рекол Митко Чавков на Агим Нухиу вечерта на 27 април, сведочи во судница заменик министерот за внатрешни работи. Тој се сеќава дека прв пат се сретнал со раководителот на оперативниот штаб и директор на БЈБ, Митко Чавков во 20 часот откако повеќе пати залудно се обидувал да го добие на телефон.

– Во 18 часот му пратив СМС порака на „златниот командир“ дали следи што се случува пред Собранието и дали има можност да ескалира? Тој одговори нема можност засега е се под контрола, а потоа уште една порака која гласеше „надвор нема проблем“. Кога видов дека ситуацијата ескалира јас тргнав кон Собранието и не се сеќавам колку пати го барав на телефон, но за жал немаше одговор. Кога видов дека се блокирани сите влезови на Собранието му пишав дека нема доволно полицајци, сведочеше Нухиу.

Тој спомена дека комуницирал и со обвинетите Митко Пешов и Душко Лазаров, дежурни во оперативниот штаб, од кои побарал мерки за евакуација на пратениците, но според негови проценки имале резерва.

Кога Чавков пристигнал во оперативниот штаб се однесувал агресивно и не му одговорил каде бил до тој момент, сведочи Нухиу, ексминистер за внатрешни работи.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба