Чавков: МВР е фокусирано на одржување стабилна безбедносна состојба за туристичката сезона

Од:

Во текот на претстојната туристичка сезона ќе се бориме да одржиме стабилна безбедносна состојба, соодветен јавен ред и мир за да можат охриѓани и гостите што ќе претстојуваат во текот на летото да се чуствуваат мирни и безбедни, изјави министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

По седницата на Локалниот совет за превенција што денеска се одржа во Охрид, а на која покрај претставници на МВР присуствуваа и сите релевантни субјекти, општински и државни инспекторати, Чавков нагласи дека само со координиран мултисекторски пристап можеме да влијаеме на превенирање и обезбедување безбедност и стабилен ред и мир.

– Сите сме свесни и заеднички констатиравме дека само со еден мултисекторски и координиран пристап ќе можеме на соодветен начин и навреме да ги детектираме проблемите и состојбите кои неповолно влијаат на безбедноста и јавниот ред и мир, но и да обезбедуваме различни превентивни механизми за превенирање развој неповолни состојби, изјави Чавков по состанокот.

Безбедноста и јавниот ред во Охрид пред и во текот на туристичката сезона, како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески, за охриѓани е од големо значење за градење подобар имиџ за градот, поквалитетни услуги и позадоволни граѓани и туристи. Тој очекува највисоко ниво на ред, мир, безбедност и организација на сите предвидени активности за квалитетна туристичка понуда и задоволни гости.

– Се надевам дека со сите заклучоци што денеска ќе ги донесеме на состанокот на Локалниот совет за превенција, значително ќе придонесеме кон унапредување на јавниот ред, мир и безбедноста во Охрид, како и справување со сите девијантни појави што изминатите години се јавуваа како во Охрид така и во други туристички дестинации во и надвор од Македонија. Тоа ќе има значаен придонес во подобрување на имиџот на градот Охрид, истакна Бакрачески.

Прашан за влијанието на политичката состојба врз туристичката сезона во Охрид, министерот Чавков истакна дека од безбедносен аспект, состојбата е стабилна.

– Случувањата во Куманово ги детектиравме како изолиран проблем, што нема импакт на вкупната безбедносна состојба. Се надевам дека независно од политичката криза за која секој ден се дискутира, која сигурно значи одредено дефокусирање на институциите и на јавноста, ќе нема значителни последици, но сепак бројките ќе покажат за тоа, рече Чавков.

Би можело да ве интересира

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски