Чашуле: МРТ има нов лик кој не е само шминка, притисоци нема

Од:

Без опозиција, лесно и подмачкано се аминува се. Прстот на пратениците цврсто стои на зеленото копче за гласање закони, декларации, избори.

Од време на време некој ќе стане, колку да се каже дека се поминува без дискусија. Идилата од време на време знаат да ја нарушат ДПА и НДП, но и тоа минува незабележано.

Денеска се изгласаа финансиските планови на јавниот сервис МРТ.

Голем процент за финансирање на јавниот сервис, повеќе од 63 проценти се од претплата, т.е. граѓаните ја плаќаат за квалитетна, навремена и вистинска информација, а има процент и пари од буџетот, што значи, повторно од граѓаните. Од буџетот се планирани 143 милиони денари за МРТ, а од продажба на рекламен простор се очекува да се инкасираат 80 милиони денари.

„МРТ има нов лик кој не е само шминка. Се води битка со националните концесионери кој ќе го земе приматот во гледаноста.За самостојноста, овие две години, од ниту една страна нема имтервенција, притисок. Важо е дека процесот почна. Размислуваме како да ја подобриме програмата“, рече првиот човек на Управниот одбор на МРТ, Слободан Чашуле.

Пратениците немаа што да додадат или одземат, единствено Павле саздов ги пренесе поздравите и честитките од дијаспората, која е задоволна и поттикнува уште повеќе и поквалитетна програма.

К.Ц.А.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Левица: Со изборот на Ристоски МРТ станува банкомат на ДПМНЕ – Левица предупреди за партиска местенка

Зоран Ристовски нов директор на МРТ