Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ

Од:

Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни.

Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ:

Венко Филипче

Славјанка Петровска

Јован Деспотовски

Александар Бајдевски

Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски