Централен регистар потврди дека поранешното раководство ја уплатило добивката на сметката на „Бетон“

Од:

Претходниот Управен одбор и раководството на Централен регистар го прекршиле членот 26, став 3 од Законот за Централен регистар, во кој стои дека вишокот средства од годишната нето добивка треба да се уплати во Буџетот на Република Македонија, соопшти Централниот регистар на Република Македонија.

Според Централниот регистар, наместо во Буџетот на РМ, вишокот средства од годишната нето добивка за 2016 година вредна 22.103.701 од вкупните 22.327.559 денари, биле уплатени на сметката на Друштво за градежништво БЕТОН – Акционерско друштво Скопје, како исплата на времени ситуации за изградбата на новиот објект.

– Покрај Централен регистар, соинвеститори се и Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ, како и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката – Скопје, стои во соопштението.

Проектот за новиот објект бил инициран од Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Македонија која била, како што се додава, во улога на координативно тело – носител на сите активности поврзани со градбата во која соинвеститори се спомнатите шест институции меѓу кои и Централниот регистар.

Централниот регистар најавува дека ќе поведе постапка за преиспитување на извршувањето на ваквите одлуки од страна на поранешното раководство и Управниот одбор, согласно препораките на Владата донесени на вчерашната седница.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

A1on

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Судското рочиште меѓу „Интракат“ и штипски „Бетон“ закажано на 3 декември

А1он

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска