Центарот за срцеви заболувања од Охрид ќе добие нова локација?

Од:

Во недоградениот објект на болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во блиска иднина да биде сместен регионалниот центар за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Ова како опција го најави министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на здравствените институции во Охрид. Објектот почна да се гради пред 20 години, но истиот во таква состојба стои сите овие години, односно од 1988 година.

„Снимање на објектот ќе направи и тим од Министерството за здравство, а потоа со помош на архитекти ќе видиме како најдобро истиот ќе го искористиме. Една од варијантите е овде да се префрли специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања и ова во иднина да биде еден здравствен центар.Сакаме средствата кои ги обезбедивме од банката на Советот на Европа да ги инвестираме овде , а кои се во висина од 100 милиони денари. Сакаме ова што побрзо да го реализираме“, рече Тодоров.

Како опција во игра е и објектот на поранешната детска болница во Охрид, која беше затворена со намера на тоа место да се изгради елитен хотел. За објектот каде што сега е сместена болницата за срцеви заболувања во која се лекуваат пациенти од регионот се води судски спор со Сојузот на борци.

„Ние ги разгледуваме можностите за сместување на дејноста во еден современ објект.Една од тие опции е и зградата на поранешната детска болница, меѓутоа разгледуваме и други опции како што е зградата во Свети Еразмо. Тим од експерти се вклучени во изнаоѓање на најдобро решение.Во овој момент зградата во која ние ја обавуваме дејноста не ги задоволува стандардите за обавување на нашата дејност“, рече директорот на центарот за кардиоваскуласрни заболувања, Никола Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски