Центарот за граѓански комуникации: Ниска транспарентност на претпријатијата во државна сопственост

Од:

Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28 отсто од можни 100 отсто, покажало истражувањето „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“ што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Ова истражување покажало и дека ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност, со исполнување на обврските над 60 проценти.

-Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои шест основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31 отсто, а претпријатијата основани од општините 27 отсто. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52 отсто, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0 се наоѓа АД Градски трговски центар, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Според нив, речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори. Според резултатите обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67 отсто од претпријатијата.

Би можело да ве интересира

Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста

Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки

Катерина Ѓуровски

ИКС: Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи

Орце Костов

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Галуп Интернешенел: Само петтина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023 година

Орце Костов

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов