Центар раскина договор за катна гаража на „Климент Охридски“, просторот ќе биде парк

Од:

Нема да се гради катната гаража пред зградата во која е сместено Здружението на возачи на Скопје, на булеварот Климент Охридски. Општина Центар наплатила банкарска гаранција во вредност од 100.000 евра од компанијата која во 2012 година го купила земјиштето за изградба на катната гаража која беше предвидено да има два ката над земја и уште толку под земја, а во објектот требаше да има и деловен простор.

Државното земјиште со површина од 835 квадратни метри на јавно наддавање било купено за 251 денар по квадрат, односно за вкупно 209.585 денари. За компанијата „Квалитет пром“ која требало да ја изгради катната гаража била поведена стечајна постапка оти западнала во правни проблеми, а Општина Центар веднаш успеала да ја повлече банкарската гаранција откако било утврдено дека компанијата не може да го испочитува договорот.

„Ова е првата фаза за раскинување на купопродажниот договор и враќање на земјиштето во сопственост во државата, а потоа Општина Центар да го врати паркчето на граѓаните. Ме радува фактот што сочувавме уште еден парк во Општина Центар, кој што години наназад бил продаден со цел овде да се изгради деловен објект“, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Компанијата имала рок да ја изгради гаражата до 2022 година, но по отворената стечајна постапка било јасно дека договорот не е испочитуван па Општина Центар, како доверител, ја наплатила банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите. Стечајната постапка за компанијата се води во Основниот суд во Штип.

Би можело да ве интересира

Во Чаир ќе се градат катни и подземни гаражи

А1он

Оштетени две паркирани возила откако дрво падна врз нив

А1он

Делови од Центар и повеќе скопски села утре без струја

А1он

За да добие унапредување, разрешена па одново назначена секретарката на Општина Центар

Кристијан Ландов

Богдановиќ: Изградбата на зградите кај „Холидеј Ин“ не може да влијае на изборите оти Центар покажа спремност да направи промени

Се топи партиската поддршка за Богдановиќ, тој не размислува да „трча“ сам

Маја Илиевска-Пачемска