ФОТО: Центар и „Анима Мунди“ ги „испеглаа“ разликите

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, Претседателот на Советот на Општина, Центар Мирослав Шиповивиќ и претставниците на Здружението за заштита на правата на животните „Анима Мунди“ седнаа да ги „испеглаат“ недоразбирањата околу одлуката за комунален ред, изгласана на последната седница на Советот на Општина Центар.

anima mundi 3

Од „Анима Мунди“ задоволни и му се заблагодарија на Жерновски за брзата реакција.

„Ова беше одличен состанок, има добро расположение и лесно ќе ги надминеме недоразбирањата. Дел од забелешките се прифатени. Генерално работите ќе се изменат кон подобро“, изјави Столе Велковски од „Анима Мунди“.

Градоначалникот Жерновски посочи дека веќе во четврток на веќе закажаната седница на Советот ќе се стави корекцијата на член 95 од одлуката, претходно усогласена со „Анима Мунди“.

anima mundi 1

„Најголемиот број забелешки и пишувања беа вештачки внесени во дебатата. Она што е проблематично ќе го поправиме во одлуката“, рече Жерновски.

Се предлага да се избрише делот од одлуката каде што стои дека не е дозволено чување на кучиња кои постојано лаат и завиваат и чување на кучиња во станбени згради и во нивните дворови.

anima mundi

Се предлага да се дозволи чување на кучиња во дворовите во колективните станбени згради за кои сопственикот има прибавено писмена согласност од мнозинството станари во станбената зграда или од заедницата на сопственици на станови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Aнима Мунди: Кој може да гарантира било чија безбедност во ЗОО Скопје?

А1он

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ