Царовска: За неполна година извршени 8.227 надзори, се залагаме за здрава и безбедна работна средина

Од:

Здрава и безбедна работна средина води до поефикасни и попродуктивни работници. Затоа, еден од основните предуслови за успешна работа е чувањето и унапредувањето на здравјето на работниците, на што ние целосно сме посветени како Влада. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со претседателот на УО на ЕВН Македонија, Штефан Петер, денсека присуствуваше на презентацијата на добрите пракси за безбедност при работа во ЕВН Електрани Скопје. Ова е една од неколкуте компании кои се добитнички на Националната награда за добра пракса во делот на БЗР во 2017 година, а настанот го организираше Здружението на инженери за заштита „Тутела“ .

„Освен подобрување на законската регулатива, работиме на зајакнување на Државниот инспекторат за труд со стручен кадар. Примарната цел на овој инспекторат, не е да ги казнува работодавачите, туку да контролира дали ги применуваат стандардите и мерките за безбедност на вработените на работните места. Тоа ќе го постигнеме со постојано зголемување на бројот на инспекциски надзори кои според планот во 2019 година треба да изнесуваат 18.390, што е драстично зголемување во однос на претходниот период“, истакна министерката Царовска.

За споредба во 2017 година Државниот инспекторат за труд изврши 7.406 редовни инспекциски надзори и 3.552 вонредни инспекциски надзори, а заклучно со август годинава инспекторатот има направено вкупно 8.227 надзори.

За да може да се постигне добра пракса за безбедност и здравје при работа Македонија разви Стратегија за безбедност и здравје при работа до 2020 година и Акциски план во кој се предвидени голем број на активности насочени кон системот на управување со БЗР во кој се вклучени и сите засегнати страни.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска