Царовска во Тирана: Инклузијата на Ромите бара можност за унапредување на буџетот

Од:

Инклузијата на Ромите е дополнителна задача за македонското општество и за оваа цел треба да има простор за унапредување во буџетското планирање, изјави денеска во Тирана министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа ова го посочи во обраќањето на регионална конференција за пополнување на буџетските недостатоци во политиките за интеграција на Ромите, која ја организираше Акциониот тим на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ на Советот за регионална соработка и албанското Министерство за здравство и социјална заштита, која почна денеска во Тирана.

– Се соочуваме со големи предизвици и обиди нашите приоритети да ги поврземе со праксата. Станбеното згрижување е најголем проблем во нашата економија и буџетот за овие цели треба двојно да се зголеми. Министерството во 2018 година ќе работи со Светската банка на реформа на системот за социјална заштита, заради подобро распоредување на средства, со цел намалување на сиромаштијата не само за малцинствата, туку и за сите други граѓани, кои се соочуваат со овој проблем, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор