Царовска во Шуто Оризари: Со влезот во ЕУ И НАТО огромни фондови за домување и инфраструктура ќе ни станат достапни

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска Денот на независноста- 8 Септември го помина во средби со жителите на Општина Шуто Оризари. Царовска со граѓаните разговараше за забрзаните социјални реформи, за можноста за користењето на еврсопките фондови за подобрување на инфраструктурата, како и за процесот на евидентирање на лицата во Управата за водење на матични книги.

„Со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ ќе ни се отворат ширим вратите на европскиот социјален фонд, но и на други фондови кои се користат во делот на домувањето. Преку овие фондови ќе се обезбедат огромни суми пари за изградба на канализација, водаоснабдување и приклучоци за струја и за изградба на цели нови станбени единици“, истакна Царовска на средбата со жителите од врата до врата во Шуто Оризари.

Министерката Царовска најави и дека од јануари идната година ќе почне исплата на зголемен социјален надоместок во висина слична на минималната плата. Целта на овие реформи е да се извлечат најраливите над линијата на сиромаштија, и да се активираат на пазарот на трудот, со што земјата ќе се доближува до европскиот стандард, односно таму каде што припаѓа.

Министерката се сретна и со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, а одржа и трибина со фокус групи и граѓански организации кои работат со Ромската зеаедница.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Трагедија во Скопје: Почина бебе во Шуто Оризари