Царовска во Манастирец: За 5.000 денари ја зголемивме финансиската поддршка за згрижувачите, обезбедуваме топол дом за секое дете

Од:

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска денес во село Манастирец во Македонски Брод се сретна со згрижувачките семејства.

Царовска рече дека Во Македонски брод има 37 згрижувачи, кои се грижат за вкупно 56 деца. А само во Манастирец имаме 11 семејства со згрижени 20 деца.

„Ја поздравувам нивната посветеност и продолжуваме да ги поддржуваме уште повеќе и уште подобро. За заедно да обезбедиме топол дом за секое дете. им дваме огромна поддршка на згрижувачките семејства. Во секој чекор ги поддржуваме семејствата кои згрижуваат деца и постојано економски ги јакнеме. Овие семејства освен што им даваат родителска љубов на загрижените деца имаат и финансиска корист. Во изминатиот период ја покачивме финансиската помош која им следува за едно дете од 8.500 ја покачивме за 5.000 денари, на речиси 14.000 денари, а за деца со попреченпст изнесува 16.200 денари“, истакна Царовска.

На средбата со згрижувачите присуствуваше и кандидатката за пратеничка на коалицијата „Можеме“ Анета Симеска и градоначалникот на Македонски Брод.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски