Царовска: Соработка на локалната и централната власт за подобар статус на Ромите

Од:

На покана на Директоратот за проширување на Европската унија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствува на „Недела на Ромите“, настан што по повод Меѓународниот ден на Ромите се одржува од 8 до 11 април во Брисел.

Царовска се обрати на доделување на наградите за најуспешни локални самоуправи од западноевропските земји.

– Потребно е координирано делување на единиците на локалната самоуправа и централната власт, но и поддршка од меѓународната заедница за решавање на горливите проблеми на Ромите во општеството. Само вака може да го подобриме економскиот и социјалниот статус на Ромите. Владата на Република Македонија има соодветни политики кои треба трајно да ги решат наталожените проблеми со кои се соочуваат овие наши граѓани, истакна Царовска во обраќањето.

Таа, исто така, беше панелист на сесијата посветена на повратниците во западноевропските земји и на презентацијата на резултатите од студијата и истражувањето за Ромите од Западен Балкан.

Во рамки на својата посета, министерката Царовска оствари средби со директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, со заменик директорот на Директоратот, Катерина Матернова и со пратеничката во Европскиот Парламент, Сораја Пост.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор