Царовска: Сите заедно да се избориме против насилството врз децата

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, го отвори настанот на кој беше промовирана Студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз деца, изработена од страна на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Македонија.

Во своето воведно обраќање министерката се осврна на предизвиците со кои се соочува Македонија и активностите кои се преземаат со цел намалување на оваа негативна појава во општеството. „Она кое што секој од нас го гледа секојдневно е насилство на детето во семејството на кое ние едноставно си ќутиме.. сите ние, јас, милион пати сум била сведок кога родител ќе го потчукне, поткскубне, ќе го потклоцне детето. Тоа се случува во трговски центри, на автобуски станици, тоа се случува во училиштата. И тоа не е есктремното насилство. Ама тоа е насилство кое што остава последици врз секое дете.“ – истакна Царовска.

Министерката вели дека треба да се работи да се подигне свеста кај родителите за штетните последици врз развојот на детето од ваквото родителство и да се стимулираат позитивни промени. Царовска истакна дека насилството врз децата од рани години креира насилна општествена култура кој се пренесува низ генерациите.

Царовска истакна дека е една од најраспространетите форми на насилство е занемарување на децата, а со занемарување со соочуваат сите деца кои живеат и растат во институциите. Затоа, истакна Царовска, МТСП започнува со обемна реформа и деинституционализација. Целта е до 2020 година да нема ниту едно дете сместено во институција. Состојбата треба да се подобри и во градинките каде што децата ги имаат првите чекори во социјализацијата. Токму затоа со Светска банка, УНИЦЕФ и со Делегацијата на ЕУ во 2019 започнува голема програма која што ќе значи создавање капацитет за повеќе деца да одат во градинка, но и подобрување на квалитетот со нови современи програми кои што ќе ги пресретнат предизвиците на современото живеење – додаде Царовска.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

А1он