Царовска: Се подготвуваме да отвориме Ресурсен центар за креирање на родово одговорни политики и буџетирање

Од:

Владина делегација од Република Северна Македонија присуствуваше на тридневната студиска програма за родово одговорно буџетирање, чиј домаќин беше владата на Мароко.

Целта на студиската посета беше запознавање со меѓународно признати добри практики на Ресурсниот центар за креирање на родово одговорни политики и буџетирање во Рабат, Мароко.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги презентираше напорите на Владата на Северна Македонија за институционализирање на родовото буџетирање во креирањето на националните политики и буџетирање.

„Северна Македонија веќе ги прави првите чекори во вклучувањето на родовите прашања во секторите и програмите. Имаме поволен екосистем да одиме понатаму и да ја унапредуваме агендата на родовата еднаквост. Оваа делегација е движечка сила која може да го направи тоа и што е уште поважно, имаме целосна поддршка од премиерот на Владата за да ја прифатиме оваа можност и да отвориме ваков ресурсен центар и во Северна Македонија“, истакна министерката Царовска, којашто ја предводеше владината делегација во Мароко.

Елена Трпковска, државна секретарка во Министерството за финансии, вели дека работат на оваа реформа.

„Реформите во областа на јавните финасии на коишто во моментот е посветено Министерството за финансии, во целост го поддржуваат родово одговорното буџетирање преку воспоставување на родови принципи, механизми и родово сензитивни индикатори, како и следење на нивното реалзирање“, рече Трпковска.

„Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women, во постојана соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии, ги поддржува иницијативите за родово одговорно буџетирање во земјата. Оваа студиска посета е дел од подготвителната фаза за отворање на првиот Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во Северна Македонија“, рече Весна Ивановиќ, раководителка на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Студиската посета е во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, и спроведен од UN Women.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска