Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата

Од:

Пристапот до квалитетно образование е најдобрата превенција од сиромаштијата, затоа како министерка ја продолжувам мојата силна заложба за искоренување на сиромаштијата и подобрување на условите за учење во државата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 17 октомври -Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

-Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието, рече Царовска.

Годинешниот Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува во исклучителни услови. Светската пандемија дополнително го истакна социјалниот јаз во земјите и потребата да вложуваме во образованието за да ја намалиме сиромаштијата.

-МОН ги повикува сите партнери да продолжиме да работиме неуморно за да ги совладаме сите предизвици. Да ги исправиме сите неправди и да овозможиме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете. Пред нас е многу работа и многу реформи кои мора да ги спроведеме час поскоро. Пандемијата ни го отежнува секојдневниот живот и работењето, но ни помогна во неколку работи. Да ја забрзаме дигитализација, да ги забрзаме реформите и да го раздвижиме целиот образовен систем, рече Царовска во обраќањето.

Министерката Царовска по повод 17 октомври минатата недела го посети ОУ „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел кадешто со првачињата читаа сликовници со едукативни содржини и разговараа за тоа колку учењето е важно.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите