Царовска: Правиме напори за намалување на невработеноста

Од:

Размена на идеи на организациите и приватниот сектор за зајакнување на меѓусебната соработка, која треба обезбеди поквалитетен пазар на трудот во Македонија, е целта на координативниот состанок за вмрежување на активностите за развој на работната сила во земјава.

– Правиме заеднички напори за решавање на еден од најгорливите проблеми во македонската економија-креирање на работна сила со вештини и компетенции кои соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот во Република Македонија и со тоа намалување на невработеноста, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која се обрати на состанокот.

Таа потсети дека МТСП активно ја спроведува програмата младинска гаранција. Пилот проектот се реализира во три општини. Досега дури 1.708 млади лица се пријавиле во Агенцијата за вработување, а од нив 490 веќе успеале да се вработат. Има такви, односно над 70 кои основале свој бизнис искористувајќи ги мерките за помош од државата.

Министерството продолжува да работи заедно со посредници и АВРМ за зголемување на достапноста на работните места. Исто така, се отвораат тренинг центри за стручно образование во кои невработените лица ќе добиваат соодветна обука.

Денешниот состанок беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Министерството за труд и социјална политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор