Царовска: Oпштините се клучна алка во процесот на деинституционализација

Од:

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше средба во Заводот „Демир Капија“, на која присуствуваа министерката Мила Царовска, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и градоначалници и претставници на општини во кои постои можност за вклучување во првата фаза на деинституционализацијата.

Во воведното обраќање министерката Царовска изрази благодарност што голем дел од поканетите се одѕваа на средбата, која прв пат се случува токму во институција чија трансформација е неопходна.

– Целта е општините да се подготват за спроведување на деинституционализацијата, која подразбира создавање на социјални, здравствени, образовни и други услуги во самите локални заедници. Ппроцесот не е едноставен, но сите вклучени страни треба да излезат во пресрет на потребите на нашите најранливи сограѓани и да ги почитуваат нивните основни човекови права, смета Царовска.

Пред претставниците на општините беше презентирана нацрт Стратегијата за деинституционализација, во која се дефинирани стратешките столбови на реформата: трансформација и затворање на институциите, преселба на корисниците во мали групни домови во општините, развој на услуги во општините и заедниците и спречување на идна институционализација.

Настанот е организиран преку проектот за Техничка помош за поддршка на процесот на ДИ во социјалниот сектор, финансиран од Европската унија. Дебатите за реформата ќе продолжат во наредниот период со одржување на серија регионални средби, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска