Царовска од Крива Паланка: Социјалниот дијалог даде резултати, 1400 ученици во дуално образование

Од:

Социјалниот дијалог којшто го започнавме во оваа календарска година со општините, училиштата и компаниите на локално ниво, со цел постигнување струки коишто се барани во реалниот сектор да се спроведуваат во средните училишта, даде резултати. Запишани се околу 1400 ученици во дуални паралелки во државата, а отворени се 97 паралелки, додека минатата учебна гоидна имаше само 11, изјави министерката Мила Царовска при денешната работна посета на средното стручно општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Според Царовска, благодарение на социјалниот дијалог од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, потпишани се договори со над 200 компании.

-Продолжуваме да работиме на социјалниот дијалог и се надевам дека следната година ќе се зголемат и бројот на дуални паралелки и ученици запишани во нив, а со тоа тоа се подобрува и квалиетен кадар побаруван во реалниот сектор. Она што можев да го видам овде е дена не само што има запишани поголем број ученици во средно стручно образование и имаме четири дуални паралелки, туку и видов мотивиран наставен кадар кој секојдневно работи посветено на пренесување на знаењата кон учениците. Од една страна се задржани учениците да останат во оваа општина и тука да учат, очекуваме во иднина да останат тука и да работат во компаниите со кои училиштето има договор, а од друга страна се подобрува и квалитетот на образованието во општината. Она што го видов е дека училиштето ги има сите кабинети со потребни ресурси за соодветни услови за настава и кога ќе отидат на реална пракса во компаниите ќе имаат сооодветни предзнаења, изјави Царовска.

Директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, Габриела Стаменковска, истакна дека има пет стручни паралелки во училиштето, четири со дуално образование и средната медицинска струка.

-Имаме четири дуални паралелки, во кои повеќе е ставен акцент на практичната соработка што ќе се изведува кај работодавачи, компании со кои имаме склучено меморандуми за соработка, а може да се пофалиме и со медицинска струка, медицинска сестра, новоформирана струка со 28 ученици на задоволство на сите во градот. Во машински техничар има 20 ученика, автомеханичар – шест, електортехничар за компјутеска техника и автоматика 26 и угостителски техничар со 10 ученика. На ниво на општина годинава има помалку завршени 50 деветтодделенци, а имаме запишани идентичен број ученици како лани. Задржани се и гимназиските паралелки, вкупно четири, рече Стаменковска.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски рече дека изминатите неколку години континуираниот напор со директорката и наставниот кадар да се даде нов тек на настаните во воспитно-образовнито процес во општината, вродиле со плод.

-Кампањата „Учи паметно-работи стручно“ на МОН привлече внимание кај ученциите и имаме зголемен број стручни паралелки. Гимназијата успеа сите кабинети и простории за изведување практична настава да ги опреми и прилагоди и сега учениците имаат сосема одлични услови за изведување настава. Благодарност и до компаниите на локално ниво кои се одзваа на повикот да се изведува практичната настава во нивните компании. Резулатот од овие генерации кои ќе го завршат образованието се очекува да даде квалиететен кадар на пазарот на труд и да се вработат тука, да не мигрираат по Европа и светот. За ова упатувам огромна благодарност до МОН за разбирањето, додаде Мицевски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он