Царовска: Обезбедуваме еднаков пристап на децата Роми во градинките

Од:

Вклучувањето на Ромите во квалитетно предучилишно образование и во образовниот процес и создавање услови за вработување беше тема на денешниот форум „Предизвици и можности за деца и млади Роми“, како дел од регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција“ на кој се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Форумот на кој учествуваа преставници од државните институции и граѓанските организации е организиран од Ромски образовен фонд (РЕФ), Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце” и Ромскиот ресурсен центар.

Министерката Царовска истакна дека Министерство за труд и социјална политика направи освежување на системот, затоа што сите реформи кои ги реализираме се однесуваат најмногу на сиромашните граѓани.

– Само 30 отсто од децата во Република Северна Македонија се опфатени во предучилишното образование, односно тоа значи и помал број вклучени деца Роми од 2,1 отсто. Затоа, одлучивме да го зголемиме капацитетот на прием на деца Роми во градинките, доколку го почитуваме нашиот човечки капитал како држава. Сите деца Роми, системски, ќе се вклучат во градинките и тоа ќе биде финансирано од државата. Ова е одличен старт за системско образование, за што имаме целосна поддршка од сите клучни чинители во државата и сме следени од меѓународната заедница, рече Царовска.

Таа уште еднаш ги повика пратениците да ја изгласаат социјалната реформа бидејќи со неа конечно, државата ќе трансферира пари до најсиромашните.

– Кога ќе ја земете предвид статистиката, меѓу најсиромашните граѓани има многу Роми. Тоа значи дека системот не дал еднаков пристап на сите граѓани, што ќе биде цел на реформите во социјалната заштита. Затоа, го повикувам Собранието побрзо да ги изгласа реформите и веќе во 2020 година да ги гледаме првичните ефекти, рече Царовска.

На настанот говореа и заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, Ана Матевска, проект координатор на Ромаверзитас и Реџеп Али Чупи преставник на Ромски образовен фонд.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска