А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царовска: Не смее да ни се случува смртност кај децата поради невакцинирање

by А1он09/05/2018 - 14:26192
Share0

Не смее да ни се случува смртност кај децата поради невакцинирање. Во Македонија треба да се подигне процентот на имунизација на децата кој од поранешните 90 отсто е многу опаднат. Тоа е регулирано со законски акти.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по посетата на новиот наменски адаптиран простор за детска градинка во ООУ„Рампо Левката“ во Прилеп.

– Согласно законите и подаконските акти стои дека децата во Македонија треба да се вакцинираат. Санитарната инспекција која влегува во детските установи ги проверува вакциналните картони и тоа не е фама. Тоа не е ништо ново. Македонија порано имаше висок процент, над 90 отсто опфат со имунизација, сега е паднат и мора тоа да се среди. Не смее да ни се случува смртност поради невакцинирање, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање.

На обвинувањата на поранешни вработени на определено време дека имало писмен указ од министерката да им биде продолжен договорот до крајот на февруари, Царовска побара да го приложат тој доказ.

– Мојата работа е да обезбедувам согласности за вработувањата без разлика дали се на определено или неопределено време. А тоа го правам редовно и професионално. Кој ќе остане на работа решава градинката и општината, изјави Царовска.

На прашањето да ја коментира денешната одлука на Уставниот суд според која, нормираниот учинок повеќе нема да биде основ за исплата на минималната плата, Царовска кратко одговори дека не се коментираат судски одлуки, туку се спроведуваат.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен