А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царовска најави отворање Центар за ран детски развој и информативна канцеларија во Кочани

by А1он21/08/2018 - 15:51167
Share0

Mинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во рамки на работната посета на Кочани најави дека наскоро во таа општина ќе стартуваат најавените програми од социјален карактер, а за што значајна проактивност и придонес дава и локалната самоуправа.

Добивај вести на вибер

– Во најкраток можен рок ќе започне со работа Центарот за ран детски развој во Кочани, а ќе биде отворена и информативната канцеларија поврзана со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Исто така, во тек се организациските подготовки за започнување со работа на нашите кејс менаџери или менаџери на случај во центрите за социјална работа, во кои е опфатен и кочанскиот, истакна министерката Царовска.

Во соработка со Министерството за здравство, наскоро ќе почне заедничка активност од социјално-здравствен карактер, при што ќе се формираат заеднички тимови кои ќе работат на терен.

На средбата со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, министерката информираше дека со започнувањето со работа на Дневниот центар за деца со попреченост веќе ќе нема потреба малолетните лица секојдневно да патуваат во соседните општини во регионот, а тој ќе функционира како посебна работна единица во состав на Центарот за социјални работи од Кочани.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен