Царовска на промоција на истражување „Парични надоместоци за децата од семејства во социјален ризик“

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваше на промоцијата на истражувањето за искористеноста на социјалните бенефиции и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница „Парични надоместоци за децата од семејства во социјален ризик“.

Притоа таа потенцираше дека оваа средба и е особено важна затоа што предлозите за измена на системот за социјални трансфери кон граѓаните доаѓаат од граѓанското општество, онаму од каде што доаѓа и таа како министер.

„Со години гледаме како социјалните трансфери погрешно се насочуваат и не го даваат својот ефект и затоа во ова излагање нема да го исчитам мојот политички говор туку ќе разговарам со вас како професионалци и како луѓе кои навистина се трудат во изминатите години да го сменат или да го подобрат системот со цел конечно граѓаните да живеат многу поквалитетно“, рече Царовска обраќајќи се пред присутните.

Таа се осврна на правото на детски додаток којшто според неа во моменталниот систем не ја врши својата улога бидејќи тие што се најсиромашни не се опфатени со детскиот додаток.

„Сметам дека детскиот додаток треба да се трансформира во некој друг вид на додаток, а во кој и каков ќе треба сите заедно: МТСП, Центри за социјална работа, граѓански организации, граѓани и меѓународни организации да најдеме начин како да ги структурираме правата и да дадеме одговор на различните ризици“, потенцираше Царовска.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се осврна и на родителскиот додаток, кој според бројките и според потрошените буџетски средства не ја постигнал целта за зголемување на наталитетот:

„Не може да имаме додаток за трето дете и да очекуваме дека ќе има зголемување на наталитетот во ситуација кога има масовен одлив на млади луѓе од државата“, рече министерката Царовска.

Инаку, промоцијата на истражувањето за искористеноста на социјалните бенефиции и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница е направено во периодот ноември 2016 – февруари 2017 година, од здружението РОМА С.О.С. кое истото го спроведе во 6 општини (Прилеп, Шуто Оризари, Битола, Штип, Куманово и Ѓорче Петров) со цел идентификување на пречките и факторите кои влијаат на остварување на правата на децата Роми во поглед на нивната социјална заштита, со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

А1он