Царовска: Македонија засилено работи на интеграција на Ромите

Од:

Македонија ја подобрува интеграцијата на ромската заедница, а во следниот период уште позасилено ќе работи на намалување на јазот меѓу Ромите и сите други заедници во земјата. Тоа се гледа и преку посебната ставка за Ромите во Буџетот, со средства кои се наменети за најважните четири ресори- образование, вработување, домување и здравство.

Ова го рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната презентација на Извештајот за спроведување на јавните политики за интеграција на Ромите во Република Македонија за 2017 година.

– Македонија е една од првите држави што пристапи во регионалните процеси за планирање и преземање конкретни мерки за подготовка на Стратегија за Ромите и национални акциски планови, но е и членка на иницијативата Интеграција на Ромите 2020. Оваа иницијатива има за цел да го подобри социо-економскиот статус и социјалната инклузија на Ромите, но и да ја зголеми соработката помеѓу владите и граѓанскиот сектор за решавање на ова прашање. Исто така, се мобилизираат сите национални и меѓународни ресурси за остварување на приоритетите како што е ИПА инструментот, координацијата на надворешната помош, истакна министерката Царовска.

Од МТСП посочуваат дека од 2009 година до денес за проектите и целите поврзани со Стратегијата на Ромите одвоени се вкупно околу 5,7 милиони евра, или по 630 илијади евра на годишно ниво.

Оттаму потсетуваат и дека Владата забрзано работи и на социјалната реформа со која се зголемува гарантираниот минимален приход за најранливите граѓани. Целта на оваа реформа е социјалните лица да се извлечат над линијата на сиромаштијата преку дообука, преквалификација и активирање на пазарот на трудот. Со оваа реформа се воведува и детски и образовен додаток кој освен примателите на гарантираниот минимален приход ќе може да го користат и домаќинствата со минимална плата.

Настанот беше организиран од Владата на Република Македонија и Рома интеграција 2020.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор